• +38978415058
  • +38978415058
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Велосипедски туристички тури

ПРИМЕРИ НА ВИКЕНД ТУРИ: ТУРА 1 МАВРОВО, ТУРА 2 МАВРОВО

Авантуристичкиот туризам, е се по популарен во светот, позитивно влијае на луѓето и околината. Авантуристичкиот туризам претставува богатство на природните ресурси и одлична географска положба на земјата. Овој вид на туризам е туризам од посебен интерес и има фокус на нови облици што ги задоволуваат потребите на секој турист.

Оваа врста на туризам е спој на авантура, рекреација, опуштање и забава. Оваj туризам е популарен кај корисниците кој влегуваат во врвот на европската и светската елита., кој се презаситени од скапите хотели и гламурозните вечери и свечености , поради што им е потребен едноставен и нормален живот. Авантурисричкиот туризам, е вид на туризам од специфичен или посебен интерес и може да биде било која активност на поединецот која опфаќа физичка активност, културна размена или интеракција, контакт со природата.  Планинскиот велосипедизам или Mountain Bike (MB), е пред се забава и наша цел е Ви го претставиме како една од формите на авантуристичкиот туризам.

ПВК Оксижен во соработка со партнер агенциите организира туристички тури во сите региони на Македонија.  Времетраењето на турите како и сместувањето комфорот  и начинот на исхрана на групата е во зависност од желбите на гостите.  ПВК Оксижен овозможува сместување во шатори, хостели и хотели од различна категорија.   ПВК Оксижен стои на располагање да излезе во пресрет на сите барања на гостите во зависност од условите на теренот. КОНТАКТ!

Рекламата на задоволните туристи секогаш е најдобра реклама, благодариме за нашите гости од Германија Кристоф неговата сопруга и пријателите за прекрасното видео направено за време на нивната седумдневна тура низ Македонија.  Видеото може да го погледнете тука.

Маврово - Летна Шема

Маврово под тркалата на Вашиот или Нашиот "Mountain Bike". 2003 година на падините на Бистра се одржа промоција на првите, вистински, обележани и трасирани патеки за планински велосипедизам. Тоа беше првата фаза од проектот на Ски центарот Заре Лазаревсји и Клубот за планински велосипедизам "Oxygen" од Скопје. Целта на овој проект беше развој на планинскиот велосипедизам како масовен спорт и рекреација. Беа истрасирани и обележани три патеки.

- Првата со должина од 5,400 метри
- Втората со должина од 9,400 метри
- Третата со должина од 14,400 метри


Сите три патеки почнуваа од пред Старото Бачило на крајот од едноседечницата. Надморската висина по која се одвиваат патеките е од 1600 - 1850 метри. Подлогите на патеките се променливи од земјани, травнати до макадам и асвалт.


© 2020 Oxygen Cycling Club. All Rights Reserved. Powered by MOL