• +38978415058
  • +38978415058
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Како и секоја година учествувавме повторно на рекративната тура тур де лејк Охрид.  Иако малку здодевна тура со оглед на тоа дека се вози по асфалт 100км сепак убавиот пејсаж, посетата на албанскиот дел од охридското езеро и се разбира другарувањето со членовите на клубот Екодром организатори на овој настан не тера да секоја година учествуваме на овој маратон.  Во добра организација и опуштено возење со повеќе застанувања сите успешно ги поминавме километрите околу охрдиското езеро за да на крај оправдано бевме наградени од страна на домаќините.  Убавото време итишината на охридското езеро допринесоа да возењето биде прекрасно.   За жал оваа година го испуштивме возењето на НП Галичица но сепак секоја посета на Охрид и неговата околина не остава задоволени во нашите желби за што повеќе поминување во природата.

  •       

    Сабота 11.05.2019 во 11 часот планинска рекреативна тура

    Зборно место : Нова Македонија
    ПВК ОКСИЖЕН ја отвара сезоната на рекреативни тури, викендов со возење до врв Водно. Се вози преку Сончев град - Сопиште - Врв водно јужна страна.
    Повелете на прекрасна дружба :)))

    ЗАДОЛЖИТЕЛНО: ТЕХНИЧКИ ИСПРАВЕН ВЕЛОСИПЕД, ЗАШТИТНА КАЦИГА,РЕЗЕРВНА ГУМА,ОПРЕМA.
    Секој е одговорен за своите постапки и треба да се однесува одговорно кон сите останати учесници во сообраќајот.

  • 24.05.2013 пристигавме во село Манастир во прекрасното Мариово.   Набргу ги поставивме шаторите, го досредивме кампот и се препуштивме на убавините на природата што не опкружуваше.  По краткото разгледување на околината и убавата вечера се повлековме да одмориме во пресрет на утрешниот ден.  25.05.2013 година мирната природа и ненавикнати на тишината што не опкружува станавме во 7 часот и ги почнавме припремите за обележување на патеката.    Во 8 часот екипата отиде да ја до обележи патеката пред да стигнат првите велосипедисти.   Околу 14ч се вративме назад во кампот каде што веќе беа пристигнати десетина возила и 50тина велосипедисти.   Како одминуваше денот бројот на велосипедисти и бројот на шатори растеше повеќе и повеќе што ветуваше одлична забава и дружење.   Ноќта стигна мошне бргу и повеќе од 100тина велосипедисти со своите 30тина шатори го започнаа ритуалот на скара и дружење.  26.05.2013 повторно станавме први и почнавме да се подготвуваме за маратонот во должина од 55км што претходниот ден го обележавме.  Почетокот на стартот беше закажан во 10ч и веќе беа пристигнати новинарските екипи, градоначалникот на општина Прилеп како и преку 300тини пријавени велосипедисти.   Рекреативното возење започна со мало задоцнување но сето тоа беше бргу заборавено откако навлеговме во самата природа.  По неколку саати возење и дружење сите успешно стигнавме назад во селото каде во манастарито не чекаше гравчето.   Се на се одлична забава, природа дружење и се разбира рекрација.  Нешто што повторно ќе го направиме следната година во Мариово.

© 2020 Oxygen Cycling Club. All Rights Reserved. Powered by MOL