• +38978415058
  • +38978415058
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Услуги

Оксижен во соработка со повеќе партнер агенциите организира туристички тури во сите региони на Македонија.  Времетраењето на турите како и сместувањето комфорот  и начинот на исхрана на групата е во зависност од желбите на гостите.  ПВК Оксижен овозможува сместување во шатори, хостели и хотели од различна категорија.   ПВК Оксижен стои на располагање да излезе во пресрет на сите барања на гостите во зависност од условите на теренот.

ПВК Оксижен изнајмува повеќе видови на велосипеди (крос кантри, спуст/ендуро, градски) кои се користат за велосипедски активен одмор.  Локација на подигање и враќање на велосипедите е Скопје а најкраток период за изнајмување е еден ден.  Цената на изнајмување зависи од моделот на велосипедот како и од време траењето на изнајмувањето.  Овозможуваме индивидуални и групни изнајмувања на велосипеди. При подигнување на велосипедот се потпишува краток договор и се остава копија од лична карта или пасош. 

Изминативе години Оксижен има маркирано стотици километри велосипедски патеки како за приватни компании, разни ЕУ проекти така и локалните самоуправи кој имаа потреба од бележење и GPS снимање  на планински патеки како и останати потреби со употреба на GPS уреди.  Доколку имате потреба или пак сакате да бидете партер со Оксижен во некој проект Ве молиме да слободно не контактирате.

© 2020 Oxygen Cycling Club. All Rights Reserved. Powered by MOL