ПРОЕКТ: „ СПОРТОТ – ТЕМЕЛ ЗА ЗДРАВА И АКТИВНА МЛАДИНА “
Носител на проектот: Спортски младински клуб Динамик
Партнер на проектот: Планинско велосипедски клуб ОКСИЖЕН
Проектот се финансира во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финансирана од Европската Комисија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите Нации.
Општата цел на овој проект е популаризација на спорт особено планински спортови (планинарење, трчање, велосипедизам и извидништво) со што ќе се придонесе кон зголемена заинтересираност, мотивираност и едуцираност на младите за придобивките во учество во спортски активност и активно спортување. Со имплементација на овој проект преку спортот како моќен инструмент ќе ги поттикнеме младите за поактивно учество во физичките активности, а со тоа ќе придонесеме кон кон подобрување на физичкото и менталното здравје и промовирање на здрава и правилна исхрана.