„Велосипедизмот и спортскиот дух – здрави животни навики во современото живеење “
Планински велосипедски клуб Оксижен започнува со имплементација на проект насловен „Велосипедизам и спортскиот дух – здрави животни навики во современото живеење“ финансиран од Европската Комисија. Проектот се финансира во рамки на Оперативната програма за акција за Поддршка на граѓанските организации, 2015, Инструмент за претпристапна помош.
Општата цел на проектот е севкупно подигнување на свеста на младата популација на општина Куманово за придобивките од активно спортување, јакнење на спортскиот дух , градењето на здрав животен стил, промоција на планински спортови како и зголемување на физичките активности кај децата и младите – нивно поттикнување за користење на велосипедот како превозно средство но и како начин за спортско надградување.