• +38978415058
  • +38978415058
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •  Недела 14.04.2019

    Ни беше чест што имавме прилика да бидеме организатори на првата трка и да ја отвориме натреварувачката сезона во планински велосипедизам. Прекрасен ден за тркање. Велосипедистите видливо уживаа во атрактивната патекa и беспрекорната организација. Дропови , скокови, и силни успони се зборуваше преку целиот ден кој што како поминал. Имавме подршка и од велосипедските друштва МБР и ДНВ кои секако придонесоа за позитивната атмосфера на патеката, благодариме!
    За многу вакви трки во иднина , честитки до напреварувачите и благодарност до сите што беа тамо како поддршка! 
    Благодарност до @DUK-ART и TREX за прекрасниот пиедестал! 

  • Недела 25.09.2022

    Почитувани љубители во планинскиот велосипедизам со задоволство Ве покануваме да земете учестество на првата трка во планински велосипедизам на новите велосипедски патеки во Крушево.
    Патеката е кружна во должина од околу 3.7км и се возат онолку кругови согласно категориите на возачи опишани во документот пропозиции.
    Пријавувањето е на email адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или пак на следниот линк на нашата веб страна
    https://www.oxygen.mk/.../registracija-za-xco-krushevo
    УЧЕСТВОТО Е БЕСПЛАТНО !
    Во организација на велосипедскиот клуб Оксижен и велосипедската федерација на Македонија на трката може да учествуваат сите лиценцирани возачи како и сите хоби возачи, рекреативци љубители на природата.
    Организацијата е помогната од швајцарската агенција за развој и соработка, општина Крушево и Хотел Панорама.

  • Во организација на ПВК Оксижен и Велосипедска федерација во недела на 21.07.2019 во Куманово ќе се одржи натревар во планински велосипедизам.
    Трката ќе се бодува за ранг листа и учество ќе земат голем број лиценцирани велосипедисти како и рекреативници.
    Ве покануваме во недела да придонесете на масовноста на настанот и да присуствувате на најатрактивната патека во Македонија и со тоа да покажеме на светот дека планинскиот велосипедизам во Македонија има што да покаже !!!

    Ги повикуваме и охрабруваме сите љубители на планинскиот велосипедизам кои што се во можност во недела да учествуваат на трката во Хоби категорија со старт во 11 часот!!!

  • Оваа година во јули месец во организација на Оксижен се одржа државното првенство на Македонија во крос кантри.  Натпреварот се одржа во Куманово на локалитетот студена вода во малку видоизменета патека од таа во Април месец кога исто така Оксижен организираше трка во Куманово.  Со оглед на тоа дека се работеше за државно натпреварување и натпреварувачите се бореа за државен првак натпреварот помина тензично во однос на борбата за првите места а публиката уживаше и ги бодреше натпреварувачите.   На крај сепак дружбата беше заедничка меѓу сите натпреварувачи.

  • Како и секоја година на падините на с.Кучково во општина Ѓорче Петров велосипедскиот клуб Оксижен ќе ја организира велосипедската крос кантри трка во планински велосипедизам во рамки на македонската велосипедска федерација. На трката ќе земат учество сите лиценцирани возачи но исто така ќе може да учествуваат и сите рекреативци и љубители на овој спорт.  Пропозициите и бројот на кругови како и описот на патеката може да се видат на линкот за регистрација на трката.   Во рамки на трката ќе биде организирана и трка а деца на која и тие ќе може да ги покажат своите способности.  ЗАБАВА СПОРТ ПРИРОДА ве очекуваме во Кучково во недела 09.10.2022.

    ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА: РЕГИСТРИРАЈ СЕ 

    Регистрацијата може да се направи и преку емаил:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  Маил пораката треба да ги содржи сите информации од формата за регистрација.

  • Во Април месец се одржа првиот натпревар во крос кантри планински велосипедизам во рамки на македонската велосипедска лига на велосипедската федерација на Македонија.  На најтешката и најтехничката патека од серијата натпревари во рамки на лигата натпреварувачи ја тестираа својата спремност после зимскиот период и базичните тренинзи.  Условите беа одлични и натпреварот помина во најдобар ред.  Сите тимови и натпреварувачи присуствуваа на трката а имаше и голем број рекреативци кој ги тестираа своие можности на оваа патека.

  • На падините на с.Кучково во општина Ѓорче Петров се одржа крос кантри трка во рамки на македонската вело лига во планински велосипедизам.  Традиционално на патеката која е доста брза и нема премногу технички побаравуња натпреварувачите се движеа брзо и се бореа до самиот крај.  Детската трка исто така беше организирана за најмалите љубители и на кој исто така им беа доделени награди за нивното учество .

© 2023 Oxygen Cycling Club. All Rights Reserved. Powered by MOL