Дел од членовите на Оксижен настапија на UCI C1 во Нови Сад како дел од репрезентацијата на Македонија и покрај големата конкуренција освоија вкупно 30 уци бода. Милан Нацевски и Александар Марковски се натпреваруваа во елит категорија и за нив ова се први уци бодови, за Лазар ова беше прва уци трка како јуниор и се пласираше на 7мо место, додека пак од девојките Анита освои 10, а Катерина 6 уци бода.
Во Битола викендов се одржаа два велосипедски настани, државно брдско првенство (друмски велосипедизам) и downhill трка.
Андријана Анастасовка е новиот државен првак во брдско првенство.
Анета Антовска освои 3то местоЗа момците downhill трката беше вистински предизвик и покрај лошите временски услови Кристијан Угриновски 2ро место.