• +38978415058
  • +38978415058
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Подгответе го вашиот велосипед и фотоапарат за #MarchBikeChallenge

Пролетта е дефинитивно во воздухот и полека излегуваме од зимата и студените денови,  иако Март може да не изненади со  уште некој студен ден, но со сигурност знаеме дека не очекуваат многу повеќе сончеви денови и уживање во времето поминато на велосипед.

Подолу се дадени два предизвици за месец Март. Откако ќе завршите со едното или другото, испратете слика на https://www.facebook.com/cyclingcluboxygen / @mtboxygen, може да ни дадете некои детали за вашите возења за да можеме да ги вклучиме во нашиот месечен преглед. 

  1. Направете возење на изгрејсонце или зајдисонце

Овој предизвик го оддалечува фокусот од правење многу километри и го става акцентот на правење нешто малку поразлично со возењето. Доказ за овој предизвик е фотографија од изгрејсонце или зајдисонце со вашиот велосипед или вие во кадарот. Затоа, пронајдете соодветно место, проверете ги времињата на изгрејсонце и зајдисонце, испланирајте соодветно возење и уживајте.

                                                                    

  1. Возете секој ден цела недела

Воспоставете навика да возите секој ден и километри поминати на велосипед брзо ќе се зголемат. За овој предизвик треба да возите секој ден од понеделник до недела и секое возење треба да биде минимум 15километри или еден час. 

                                                                     

Едвај чекаме да ги видиме вашите фотографии и да ги прикажеме на Интернет. Испратете ги на @mtboxygen / https://www.facebook.com/cyclingcluboxygen  и задолжително пишете неколку информации за локацијата и зошто ја одбравте.


© 2021 Oxygen Cycling Club. All Rights Reserved. Powered by MOL