Најекстремниот настан за 2025та година Скопје ќе го доживее од 10ти до 11ти Мај на падините на Водно. Најсмелите и најхрабрите велосипедисти од Македонија и регионот ќе се натпреваруваат во спуст со велосипеди на патека спремна да ги покажат своите вештини. Десет метарски скокови, кривини и препреки со карпи и камења ќе бидат само делови од патеката каде што треба натпреварувачите да покажат колку се брзи и вешти. Со старт на врвот на Водно и целта во близина на средно Водно овој возбудлив настан полн со забава за сите, ќе биде достапен за публиката да ужива во неговите адреналински атракции. Сабота на 10ти Мај се официјалните тренинг возења додека на 11ти Мај од 10ч-16ч се квалификации и главна трка. Настанот е во организација на велосипедскиот клуб Оксижен и велосипедската федерација на Македонија, за повеќе информации посетете не на www.oxygen.mk/skopjedownhillcup.